Малезискиот премиер повика на обединување на муслиманските земји по убиството на Сулејмани

Фото: МИА

Најстариот премиер на светот исто така рече дека американскиот напад врз Сулејмани е против меѓународните закони.

Муслиманските земји треба да се обединат за да се заштитат од надворешни закани, изјави малезискиот премиер Махатхир Мохамед, кој убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани го нарече „аморално”.

Најстариот премиер на светот исто така рече дека американскиот напад врз Сулејмани е против меѓународните закони.

Махатхир (94) смета дека тоа дека тоа би можело да доведе до ескалација во она „што се нарекува тероризам”.

– Вистинско време е муслиманските земји да се зближат. Веќе не сме сигурни. Ако некој навреди некого или каже нешто што некому не му се допаѓа, во ред е таа личност од друга земја да испрати дрон и можеби да пука кон мене, рече Махатхир.

Во Малезија живеат околу 10.000 Иранци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот