Мала победа на протестот во Белград: РТС посвети три минути на „Србија против насилство“

Фото: Принтскрин

Граѓаните кои вечерва излегоа на протестот „Србија против насилство“ направија обрач околу зградата на српската национална телевизија РТС. Јавниот сервис протестите ги стави како трета најважна вест и емитуваше директен пренос од протестот.

„Во Белград нов протест „Србија против насилството“, барањата непроменети“, беше третата најважна вест во вечерашниот дневник на РТС, додека на страницата на Радио-телевизија на Србија има и блог на кој протестите се следат од минута во минута.

При вклучувањето на репортерот на РТС во Дневник, граѓаните скандираа „Крадци“ и „Вучиќ оди си“.

Едно од барањата на граѓаните кои вечерва протестираат во Белград е смената на раководството на јавниот сервис.

Списокот на барања за протести вклучува смена на раководството на РЕМ, прекин на реалните шоуа кои промовираат насилство, агресија и неморално однесување на националната телевизија.

Исто така, се бара забрана на печатените медиуми чија содржина промовира насилство и агресија, објавување лажни вести и го крши новинарскиот кодекс, како и конфискација на националната фреквенција на телевизиите Пинк и Хепи.

Денеска се одржува четвртиот протест „Србија против насилството“. Граѓаните прво се собраа кај Собранието, по што почнаа да се движат и да прават круг околу РТС. И покрај лошото време и дождот, на денешниот протест се собраа голем број граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот