фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Макс Ферстапен победник на спринт-трката во Тексас пред Хамилтон и Леклер

Во генералниот пласман од Формула 1 шампионат се води само борба за преостанатите места бидејќи Макс Ферстапен од „Ред Бул“ веќе ја обезбеди третата последователна титула светски шампион (441 бод).

Ферстапен победи на спринтерската трка во Остин како дел од Големата награда на САД. Холанѓанецот заврши како првопласиран пред Британецот Луис Хамилтон („Мерцедес“) и Шарл Леклер („Ферари“). Ова е трета сприн победа на Ферстапен оваа сезона.

На второто место во генералниот пласман кај возачите е неговиот тимски колега, Мексиканецот Серхио Перез кој собра 228 бодови, а трет е Хамилтон со 201.

Главната трка ќе се одржи денеска од 21:00 часот по македонско време. Леклер со најбрзо време во квалификациите ќе ја има пол позицијата.

Ферстапен кој ќе стартува од третиот ред од шестата стартна позиција, ќе ја брка својата 15 победа сезонава, со што би го израмнил неговиот рекорд од минатата година. До сега во кариерата оствари 49 победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот