Макрадули: Мислам дека има многу контроверзии во црпењето на песок

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули при денешната посета на ООУ „Живко Брајковски” во Општина Бутел на новинарско прашање посочи дека има многу контроверзии за ископот на песок од речните корита и оти тоа треба да се води централизирано.

– Апсолутно ги поддржувам наодите на Државниот завод за ревизија. Мислам дека има многу контроверзии во црпењето на песок. Ми требаат дополнителни контроли. За жал, повеќе различни чинители учествуваат во тој процес и тука процедурата е таква  што од многу одговорни на крајот никој не е одговорен. Мислам дека тоа треба да се централизира и само на тој начин полесно ќе дојдеме до поефикасна контрола на она што се случува на реките низ земјата- рече Макрадули.

Се согласувам, посочи тој, дека животната средина не е само аерозагадувањето, туку и реките, водата, почвата и мора да се стави крај на разни контроверзии.

– Ова полесно ќе се конролира доколку тоа се води централизирано. Кога пет институции се одговорни на крај за жал излегува дека никој не е одговорен- рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот