„Макпетрол“: 50 години од отворањето на најпрепознатливата бензинска станица во земјава

Бензинска станица „Билјанини извори“

Бензинската станица „Билјанини извори“, што е дел од мрежата на „Макпетрол“, денеска ја одбележува 50-годишнината од отворањето. Препознатливиот и импозантен кружен објект, којшто се наоѓа на излезот од Охрид, на патот кон селото Велестово, е пуштен во употреба на 7 април 1972 година. Автор на проектот е архитектот Ѓорѓи Голев, додека изведувач на армираните бетонски конструкции е „Гранит“, а на металните конструкции, „Коце Металец“.

Значењето на овој објект го истакнува и Асоцијацијата „МАРХ – Македонска архитектура“, која што преку интернет-порталот marh.mk работи на популаризација и признание на оваа дејност во земјава.

– Половина век опстојување е првиот праг кон историска потврда и признание од една страна, а од друга – причина за одново размислување за вредностите на градбите кои опстојуваат. Бензиската станица „Билјанини извори“ е специфично решение совршено поставено насреде значајна сообраќајна раскрсница. Тоа е произлезено од соодветните архитектонски анализи кои потекнуваат од сообраќајната логика на свртување – кружен ток и смелите конструктивни можности кои ги дозволува рамномерното урамнотежено пренапрегнување преку централна вертикала. Авторот Ѓорѓи Голев и соработниците, достојно одговориле на професионалниот повик и задача. Објектот е редок пример на домашната сцена кој ја сочувал сопствената оригиналност, создавајќи функционална монументалност која е невозможно да ја игнорирате – велат од МАРХ.

Имајќи предвид дека бензинската станица се наоѓа во Охрид, град со голем број историски и културни знаменитости, овој објект изминатиов половина век се наметна и како своевиден симбол на градот.

Јубилејот на бензинската станица „Билјанини извори“ се одбележува во годината во која што „Макпетрол“ слави и 75-годишнина од своето постоење. Компанијата во текот на сите овие години постави високи стандарди за квалитет, а преку стратешките инвестиции во наредниот период и понатаму ќе бидe пионер и предводник во енергетскиот сектор.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот