
Македонските одбојкари за медал против Црна Гора на Балканијадата во Приштина
Македонските одбојкарски репрезентативци до 20 годишна возраст на Балканското првенство во Приштина денеска против Црна Гора со почеток од 18.00 часот има многу важен натпревар.
Препорачано
Во првото коло го совладавме Косово со 3:1, потоа загубивме од Бугарија (0:3), а во третиот меч бевме подобри од Албанија со 3:0 во сетови 25:22, 25:16 и 25:21.
Репрезентацијата предводена од селекторот Ванче Санев е на дофат на медал на Балканијадата затоа што Бугарија и Турција имаат максимален ефект со по три успеси, а нашиот денешен противник Црна Гора оствари само една победа пред соочувањето со нас.
Тоа значи дека доколку денеска победиме, без разлика на резултатите од утрешното последно петто коло, Македонија ќе биде освојувач најмалку на бронзениот медал.
Шансите за таков расплет се реални иако Црногорците имаат квалитетен состав, а тоа го покажаа освојувајќи по еден сет во соочувањата со фаворитите Бугарија и Турција. Тие денеска ќе играат меѓусебе за да го задржат максималниот ефект, а програмата со три средби ќе започне со мечот Косово-Албанија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5