фото: instagram.com/urkourko

Македонските млади кикбоксери освоија три медали на Европското првенство во Истанбул

На Европското првенство за кадети и јуниори во Истанбул, Турција, македонската кикбокс репрезентација оствари одлични резултати освојувајќи три медали.

Силвио Мировски во категоријата -71 кг. лоу кик постари јуниори се закити со сребрениот медал. Во финалето нашиот натпреварувач со 0:3 загуби од Христос Ефстахиадис од Грција.

Претходно Мировски забележа две победи над Ерменецот Гагик Харитјунјан (3:0) и Србинот Урош Крстиќ (3:0).

Марија Димовска исто така е „сребрена“ во категоријата +60 кг. лоу кик млади јуниори.

Во финалето нашата натпреварувачки претрпе пораз од Србинката Соња Вуксиќ (0:3). Претходно Димовски триумфираше против Еданур Аџар од Турција (3:0).

Туркер Исмаил во категоријата -57 кг. лоу кик млади јуниори дојде до бронзениот медал. Исмаил оствари победа против Арапогијанис Панталејмон од Грција (3:0), а во полуфиналната борба загуби од Никита Тертишњи од Украина (0:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот