фото: kfsm.mk

Македонските кошаркари против Азербејџан ќе ги почнат европските претквалификации

Согласно со натпреварувачките броеви на ждрепката во Рига, Летонија, познат е и распоредот на натпреварите во трите натпреварувачки групи од првата рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе го започне новиот циклус, оној од европските претквалификации, на домашен терен. Во групата „А“ во која е нашиот сениорски тим, натпреварувањето стартува на 27 ноември 2025 година. А прв противник на тимот предводен од селекторот Марјан Илиевски, во оној ноемвриски ФИБА „прозорец“, ќе биде Азербејџан, три дена подоцна, на 30 ноември, Македонија ќе гостува на Ирска.

Следниот меч нашите најдобри кошаркари ќе го играат на 27 февруари 2026 година, одново на домашен терен, кога ќе ја пречекаме селекцијата на Луксембург.

На 2 март, ќе гостуваме кај Азербејџан, во натпревар со кој ќе биде затворен вториот ФИБА „прозорец“. Во оној последниот, на 2 јули ќе ја дочекаме Ирска, а три дена подоцна, ќе играме против Луксембург, на гостински терен.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПАТА „А“

1.КОЛО – 27 НОЕМВРИ 2025

МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
Луксембург – Ирска

2.КОЛО – 30 НОЕМВРИ 2025

Ирска – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Луксембург

3.КОЛО – 27 ФЕВРУАРИ 2026

МАКЕДОНИЈА – Луксембург
Ирска – Азербејџан

4. КОЛО – 2 МАРТ 2026

Азербејџан – МАКЕДОНИЈА
Ирска – Луксембург

5. КОЛО – 2 ЈУЛИ 2026

МАКЕДОНИЈА – Ирска
Луксембург – Азербејџан

6. КОЛО – 5 ЈУЛИ 2026

Луксембург – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Ирска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот