Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Македонските кошаркари напредуваа за една позиција на ФИБА ранкинг
Двете победи на квалификацискиот турнир во Перм, нè поставија на 29 место на европската листа на најдобрите репрезентации.
Препорачано
Скок од една позиција на официјалната ФИБА рејтинг листа бележи Македонија по завршувањето на квалификациите за Евробаскетот во 2022 година. Македонската машка сениорска репрезентација реализираше две победи на последниот квалификациски турнир во Перм. Со триумфите над Италија, и против Естонија, ни донеса 211,7 бодови во евро-ренкингот, што во овој момент е доволно за 29 место на листата.
Односно едно погоре во однос на претходното рангирање кое беше објавено во декември минатата година.
Во оној светски рејтинг, Македонија е поставена на 52 позиција на вкупната табела која ја сочинуваат 168 земји од целиот свет вклучени во системот на натпревари на ФИБА.
Без промени е ТОП 5, во кој како водечка е селекцијата на САД со 781,8 бодови, пред Шпанија која има 721.3, Австралија со 667, Аргентина која има 662,4 и Србија која е на позицијата 5, со 662 рејтинг бодови.
Интересно, селекцијата на Казахстан, која од клупата ја предводи нашиот стручњак, Емил Рајковиќ, е една од петте со најголем напредок во февруарскиот квалификациски циклус. Направи скок од пет места, па ова рангирање Казахстан го дочекува на 74 позиција во светскиот кошаркарски поредок.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
25мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5