фото: kfsm.mk

Македонските кадетки поразени од Грција на стартот на Европското првенство дивизија Б

Денеска во својот прв натпревар на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години во Турција македонската женска репрезентација загуби од Грција убедливо со 76:47.

Избраничките на селекторот Оливер Стојмановиќ одлично го почнаа мечот, двапати имаа предност од „плус девет“ (11:2, 13:4), но во финишот од првата четвртина противничките направија пресврт и ги добија првите 10 минути со 19:17.

И тоа беше сè што направија нашите кошаркарки на овој меч, во втората четвртина грчката селекција само постепено ја зголемуваше својата позитива. За првпат во дуелот стигна до двоцифрени 29:19, а нешто подоцна дојдоа и до највисоки „плус 16“ (35:19), а пред паузата и 41:25.

Ништо не се промени резултатски во второто полувреме, растеше негативата на македонската селекција, Грција стекна водство од „плус 23“ на семафорот (51:28), а пред стартот на последните 10 минути (58:35, 60:37).

Сите дилеми околу победникот веќе беа решени, прашање беше само со колкава разлика Македонија ќе го запиша првиот пораз на ЕП, на крајот грчките кошаркарки стигнаа во финишот од средбата и до највисоки „плус 29“ разлика (74:45, 76:47).

Најефикасна во нашата селекција беше Јана Пислевска со 10 поени, а на спротивната страна по 11 поени запишаа Ефтимија Фустери и Евгенија Тумпаниари.

В четврток Македонија е слободна, а следниот меч во групата А ќе го има в петок од 12.00 часот против Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот