фото: kfsm.mk

Македонските кадетки по трет пат поразени на Европското првенство Дивизија Б

Денеска македонската женска кадетска репрезентација го запиша и третиот пораз во рамки на групната фаза од Европското првенство за кошаркарки до 16 години Дивизија Б, во Истанбул, Турција, овој пат од селекцијата на Литванија.

Литванките триумфираа убедливо со 89:43 или по четвртини 21:2, 31:12, 20:18, 17:11.

За нашата репрезентација најефикасна беше Јана Пислевска со 11 поени, а осум забележа Теа Трајковска.

На спротивната страна Вилте Пелеките имаше 13 поени, следена од Габија Галванаускаите која постигна 12.

Следниот меч на шампионат нашите кошаркарки ќе го имаат в понеделник против Украина која исто така има три порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот