Македонските и бугарските полициски специјалци на заедничка вежба во Софија

Припадник на полициските Тигри /Фото: МВР

Во петок во Софија, Република Бугарија ќе се одржи заедничка вежба на полициските единици при Одделот за специјални полициски операции на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и специјалните полициски единици на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија, соопшти МВР.

На вежбата ќе присуствува и делегација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, предводена од министерот Оливер Спасовски, која претходно ќе одржи и билатерална средба со бугарската делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот