Македонските граѓани ќе може да патуваат со старите лични карти за Босна и Херцеговина

Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Македонија со лична карта, соопштија од МВР.

Бојмацалиев и Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу македонската влада и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

– Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори се’ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот