Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс испиша историја во Еврокупот

фото: kfsm.mk

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс беше прогласен за МВП играч во полуфиналето на Еврокупот откако му помогна на Париз да се избори за место во големото финале.

Во двата полуфинални натпревари во Лондон Шортс беше одличен со учинок од 22 поени, шест асистенции и четири украдени топки.

Треба да се напомене дека репрезентативецот на Македонија досега доби пет вакви признанија и со тоа се запиша во историјата бидејќи претходно никој не бил избрал повеќе од трипати за МВП во сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот