фото извор: facebook

Македонскиот кајакар Ане Петрушевски, победник на Европскиот куп во Словенија

Како што информира Кајак клубот Вардар Велес, нивниот најдобар натпреварувач Ане Петрушевски викендов настапи на Европскиот куп во Солкан, Словенија.

Во финалето на првото коло  Петрушевски заврши на одличното петто место.

Во второто коло покажа одлични перформанси и беше најбрз со време 78.38сек , зад себе оставајќи ги најдобрите кајакари од Европа од 21 земја.

Оваа трка беше подготвителна за Европското првенство кое ќе се одржи на оваа иста патека во период од 28 јули до 3 август каде што ќе настапи и Петрушевски.

Македонскиот кајакар Петрушевски подготовките ги продолжува во Италија каде следниот викенд ќе настапи на Европскиот куп во Валстања, Италија, во третото и четвртото коло.

фото: Screenshot/Kajak klub Vardar Vele

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот