
Македонскиот боксер Љама стартуваше со победа на Светското првенство во Белград
Јасин Љама имаше убедлив старт на Светското првенство во Белград откако со 5:0 триумфираше над Фабио Росели од Сејшели.
Препорачано
За пласман во осминафиналето македонскиот боксер ќе ги одмери силите против Абдумалик Халоков од Узбекистан кој беше слободен во првото коло.
Нашиот втор натпреварувач на СП во српскиот главен град Арсим Етеми (кој беше слободен во првото коло) својот настап ќе го има за два дена против Андреј Чириаков од Молдавија.
Во овие две недели 650 боксери од целиот свет ќе се борат за освојување на еден од медалите.
Сите резултати од борбите во сите категории можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА
– Победа на Светско првенство една од најважните победи во мојата кариера. Во првенство со најсилно учество во историјата. Благодарност до тренерите кои работеа со мене и особено до претседателот и потпретседателот на федерацијата, Примислав Димовски и Фатон Салиху – напиша Љама на Фејсбук.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10час
-
10час
-
11час
-
11час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5