Македонската олимпијка Весна Стојановска Шелнат е светска првенка во пливање, во категоријата Мастерс

фото Tomi Stefanovski@facebook

Весна Стојановска Шелнат, која настапи за Македонија на ЛОИ 2000 и на ЛОИ 2004, денеска го освои златото на СП за ветерани, во дисциплината 800 слободно

Пливачката Весна Стојановска Шелнат, претставничка на Македонија на Летните олимписки игри во 2000 и во 2004 година, денеска стана светска првенка во дисциплината 800 метри слободно во категоријата Мастерс (пливачки на возраст од 35 до 39 години).

Таа на Светското првенство за повозрасни пливачи во Доха, Катар, ја исплива патеката за 9:46,27 минути и го освои златото. Таа пливаше под знамето на САД, затоа што веќе подолго време живее во таа земја. Втора беше Мексиканката Нели Вера Вега, а трета Германката Ан-Кристин Нојлох Штајн.

Стојановска (39) настапи за Македонија на ЛОИ Сиднеј 2000 на 15 години и беше 29. на 200 слободно и 31. на 400 слободно.

Во 2001 година на Европското младинско првенство таа освои сребро на 200 пеперутка.

На ЛОИ 2004 во Атина, Стојановска беше 26. на 200 пеперутка, што и беше најдобар пласман на тие ЛОИ.

Повеќе од 2.500 спортисти на возраст од 25 и повеќе години од рекордни 85 различни земји се натпреваруваат на Светското првенството во категоријата Мастерс помеѓу 23 февруари и 3 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот