Михаела Мишовска/фото: facebook.com/aleksandar.kuzmanovski

Македонската каратистка Михаела Мишовска го освои среброто на Европското првенство во Задар

На Европското првенство во Задар, Хрватска, македонската каратистка Михаела Мишовска се закити со сребро.

Во категоријата до 50 килограми нашата натпреварувачка загуби со резултат 8:0 против Хрватката Ема Сгардели.

Сгардели ја отвори финалната борба со брз поен, продолжи во ист ритам и стигна до водство, по што заврши и борбата.

На патот до финалето Мишовска забележа четири победи, најпрвин триумфираше против Петфето Eрминиа од Италија, Мариами Васаде од Грузија, Амос Корал од Израел.

А во полуфиналната фаза нашата натпреваруваше ја совлада Тзилиа Елени од Грција со 4:1.

Кај мажите во борбата за бронзениот медал во категоријата 75 кг. Петар Заборски беше поразен од Португалецот Тијаго Дуарте со 2:1. Македонските ката тимови и во двете конкуренции ја освоија седмата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот