
Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство Дивизија Б
Македонската кошаркарска репрезентација за играчи „Под 20“ години денеска во својот последен натпревар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ триумфираше над Словачка со 65:54. Тоа беше четврти триумф за за нашата селекција во седум одиграни мечеви на ЕП за освојување на 17 позиција во конечниот пласман на овој шампионат.
Препорачано
Сосема добро прво полувреме, особено втора четвртина имаа нашите млади кошаркарки на последниот меч на првенството во Ереван. По израмнетиот почеток, во кој двете екипи за 10 минути од играта реализираа по 17 поени. Во следните 10 минути следуваше добра игра во одбраната, им дадовме на противниците да реализираат само осум поени. Ние дадовме 10 повеќе, па на одмор заминавме со позитива од 35:25.
Во вториот дел Словачка брзо ја стопи нашата добра позитива, до крајот на третиот период, ривалот успеа да дојде и до водство (49:48). И не само тоа, во воведните минути од последната четвртина, Словаците стекнаа уште повисоки 55:48.
Сепак, на нешто повеќе од четири минути до крајот на дуелот, Македонија заостануваше само „половина кош“ (54:55). Во наредната минута, Луканоски постигна три поени во една акција, а во наредниот напад, Иванов положи за промена на водството (59:57). Имавме и повисоки 61:57 кога Луканоски собра еден „отпадок“, за неговиот 19 поен на средбата.
Иванов имаше шанса да стави точка на мечот, кога на 15 секунди пред крајот, при наше водство (65:62), не ги реализираше двата удари од линијата за слободни фрлања. Словаците намалија на 64:65.
На не цели пет секунди пред крајот, и Луканоски застана на „пенал-линијата“. Но ја продолжи лошата серија на изведување слободни фрлања. Не погоди ниту едно, им даде последна шанса на Словаците за победа. За наша среќа, обидот на Ковачик заврши на обрачот, не во кошот, и така дојдовме до уште една победа на ЕП.
Дабл-дабл учинок од 19 поени и 19 скокови запиша Луканоски, додека Иванов имаше 14 поени, девет скокови и три асистенции.