фото: Пинг понгарска федерација на Северна Македонија

Македонија со двајца претставници на Европските олимписки пинг-понг игри

На 22 јули во салата Партизан, општина Карпош, ќе започнат Европските олимписки игри во пинг-понг.

Пинг-понгарската федерација на Северна Македонија целосно е подготвена да коорганизира уште еден врвен натпревар.

Јаков Јакимовски од пинг-понгарскиот клуб (ППК) „Куманово“ и Фани Јованоска од ППК „Младост“ од Прилеп ќе ја претставуваат државата на овој престижен младински натпревар.

Натпреварите започнуваат во 09.30 наутро и ќе траат сè до вечерните часови, до околу 20.00 часот.

Последниот ден од игрите, 26 јули, е резервиран за финалните натпревари кои ќе се одиграат во период од 10.00 до 15.00 часот.

фото: Пинг понгарска федерација на Северна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот