фото: facebook.com/edo.sambo.edo

Македонија со четири медали на Европското првенство во кураш

На Европското првенство во кураш (спортско борење со појас) во Едрене, Турција, македонските репрезентативци се закитија со четири медали.

Нашите натпреварувачи на ова големо натпреварување, во јуниорска и сениорска конкуренција, успеаја да освојат еден сребрен и три бронзени медали.

Во јуниорска конкуренција Амина Факиќ во категоријата до 60 килограми дојде до среброто, а до бронзи Мусај Беслими (до 55 кг.) и Ахмед Факиќ.

Кај сениорите во категоријата до 100 кг. Ернад Реџиќ дојде до бронзениот медал.

На ова натпреварување имаше над 300 натпреварувачи од 20 европски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот