
Македонија и Косово ќе играат дури наредната година?
Македонската фудбалска репрезентација се поизгледно е дека долгоочекуваниот бараж натпревар од плејофот во Лигата на Нациите против Косово ќе го игра наредната година.
Фудбалерите преку Лигата на Нациите имаат шанса да обезбедат пласман на Европското првенство доколку триумфираат во баражот од групата Д.
Препорачано
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во полуфиналето на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекуваат Косово, а доколку слават во финалето ќе играат со подобриот од натпреварот помеѓу Грузија и Белорусија.
Сепак, фудбалерите се чини дека ќе чекаат до наредната година за да се изборат за ЕП, бидејќи ФИФА има нов преглог, сите репрезентативни натпревари да се откажат до март 2021 година.
– Мислам дека е неизводливо репрезентациите да играат до крајот на оваа година. Најголем проблем се патувањата и разни безбедносни мерки кои постијат во разни држави. Засега најважно е домашните првенства да се доиграат. Според нашиот календар, во септември се предвидени репрезентативни настапи но уште сега се осмелувам да кажам дека не верувам оти тогаш ќе се играат натпревари. Мислам дека март 2021 година е најприфатливо решение – вели потпретседателот на ФИФА, Виктор Монтаљани.
Иако се очекува првенствата да продолжат без присуство на навивачи, Монтаљани мисли дека тоа нема да биде случај кога се во прашање репрезентациите доколку се прифати нивниот предлог.
– Кога ќе добиеме зелено светло за продолжение на сезоната, сигурен сум дека нема да има навивачи на трибините. Тоа би било преголем ризик, и поради тоа мора да одиме чекор по чекор како што и општеството ќе се враќа во нормала – вели Монтаљани кои исто така е и претседател на КОНКАКАФ.