Фото: EPA/AARON LAMBERT

Мајкл Џексон бил хемиски кастриран: Докторот ја откри вистината за неговиот татко

Личниот доктор на Мајкл Џексон, Конрад Мареј, во една прилика изјави дека таткото на славниот пејач бил „еден од најлошите татковци во историјата“, па потоа даде објаснување за големото обвинение.

Мареј не го осуди Џо Џексон само затоа што бил ужасен татко, туку изнесе и тврдење дека Џо „хемиски го кастрирал“ Мајкл Џексон.

„Фактот дека бил хемиски кастриран за да одржи висок глас не може да се објасни само со зборови“, изјави Мареј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Jackson (@michaeljackson)

Докторот на кралот на поп музиката тврди дека самиот пејач му раскажувал за многуте страдања кои ги претрпел од страна на својот татко. Како што наведе Мареј, Мајкл изјавил дека неговото растење било застрашувачко.

„Беше толку страшно што едноставно тоа не може ни да се замисли“, го цитираше Конрад славниот уметник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Jackson (@michaeljackson)


Кастрирањето на момчињата било многу вообичаено во периодот на средниот век и ренесансата, особено ако детето имало талент за пеење. Имено, на тој начин би се спречила мутацијата, а со самото тоа и промената на гласот на момчињата, за да може да отпее се што можел и како дете.


Таа пракса изумрела, а со Мајкл Џексон и неговото искуство кое допре до јавноста, приказната за стравичните кастрирања поради слава во музиката, стана повторно актуелна. Оваа тема ги посочува траумите низ кои поминале многу деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот