Мајка и татко од Велес запуштиле три деца

обвинителство ојо

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против две лица, жена на возраст од 38 години и маж на возраст од 46 години, бидејќи секој од нив сторил по три кривични дела, запуштање и малтретирање на дете.

„Обвинетата, мајка на децата на возраст од четири години, две години и една година и обвинетиот татко на детето на возраст од една година не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно Законот за семејство.

Обвинетиот како очув на другите две деца исто така бил должен да се грижи за нив со оглед на фактот дека живееле заедно и имал заштитничка позиција спрема нив, но не го заштитил нивниот живот и здравје.

Двајцата обвинети на 20 јуни лани грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија.

Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе. Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот