Мајка го полила синот со бензин па го запалила

Српска полиција/ Фото: МИА

С.М.(44) од Српска Црнија синоќа го полила синот А.Т.(26) со бензин и го запалила во семејната куќа, дознава „Блиц“.

Неофицијално дознаваме дека А.Т. со тешки физички повреди во вид на изгореници по целото тело бил префрлен прво во болницата Зрењанин, а потоа во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се борат за неговиот живот.

„Блиц“ дознава дека С.М издржува казна домашен притвор со електронски мониторинг (наногица) и дека нејзиниот син дошол да ја посети кога по расправија го полила со бензин и го запалила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот