Мајка е мајка: Нова студија покажа дека мајките делфини ги караат своите деца исто како и луѓето

Фото: Пекселс/ jonas-von

Кога луѓето се обраќаат на бебе или дете, тие често го повишуваат тонот, а делфините, очигледно, имаат сличен начин на комуникација со своите младенчиња, според студијата објавена од морски биолози во САД.

Резултатите од студијата спроведена од експерти за време на истражувањето во Флорида покажаа дека мајките-делфини го менуваат тоналитетот на нивната комуникација, односно користат еден вид силно свиркање кога испраќаат пораки до своите младенчиња, пишува српски „Јуроњуз“.

Истражувачите ги снимиле и споредиле карактеристичните свирежи на 19 мајки-делфини на Флорида додека биле придружувани од нивните потомци, како и кога пливале сами или со други возрасни единки.

Фото: Пекселс/ kammeran-gonzalezkeola

“Делфините ги користат нивните специфични свирежи за да се следат едни со други. Тоа е како периодично да ги информираат другите делфини за нивната локација”, објаснува коавторот на студијата Лејла Сајиг, морски биолог во океанографската институција „Вудс Хол“ во Масачусетс.

Во една студија објавена во списанието „Проекти на Националната академија на науките“ се наведува дека зачестеноста на свирежите за време на комуникацијата со младенчињата е поголема од онаа што се користи во комуникацијата со возрасни делфини.

Фото: Пекселс/ kammeran-gonzalezkeola

Се наведува дека откривањето на овие податоци не било нималку едноставна работа, имајќи предвид дека, меѓу другото, научниците морале постојано да вградуваат специјални микрофони на исти женски делфини во текот на три децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот