Мадуро опкружен со команданти: Армијата подготвена да се избори со „предавниците“

фото: EPA-EFE

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска преку државната телевизија повика на единство во армијата.

Тој опкружен со армиски команданти истакна дека армијата мора да биде подготвена да се избори со „предавниците” и опозицијата, која пред два дена, според него се обидела да предизвика „крвопролевање” во Каракас.

Зголемување на тензиите во Венецуела уследија откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо во вторникот најави дека ја почнува „завршната фаза” од својот план за смена на претседателот Мадуро и ги повика Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро”.

По повикот на Гуаидо на улица излегоа и неговите и приврзаниците на Мадуро, при што имаше и меѓусебни судири, при што беа повредени над 70 лица.

Ситуацијата во Каракас денеска е мирна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот