MAAE: Северна Кореја најверојатно го рестартираше нуклеарниот реактор

Северна Кореја/ Фото: ЕПА

По сè изгледа дека Северна Кореја го рестартираше нуклеарен реактор за кој се верува дека произвел плутониум за нуклеарно оружје, се наведува во годишниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија при ОН (МААЕ).

Агенцијата нема пристап до Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера нејзините инспектори во 2009 година. Земјата потоа ја продолжи својата програма за нуклеарно оружје и набрзо продолжи со нуклеарните тестови. Нејзиниот последен нуклеарен тест беше во 2017 година, пренесува Ројтерс.

МААЕ во моментов ја набљудува Северна Кореја првенствено преку сателитски снимки.

„Немаше индикации за работа на реакторот од почетокот на декември 2018 година до почетокот на јули 2021 година”, се вели во извештајот на МААЕ за реакторот од 5 мегавати во Јонбион, истражувачки центар за кој се верува дека е срцето на нуклеарната програма на Северна Кореја.

„Меѓутоа, од почетокот на јули 2021 година, постојат индикации, вклучително и за ослободување на вода за ладење поврзана со работата на реакторот”, се вели во извештајот.

МААЕ објавува извештај секоја година пред состанокот на земјите -членки, од кои последниот беше објавен во петокот.

МААЕ во јуни објави дека во Јонбион има индикации за можни активности поврзани со оделување плутониум од потрошено гориво на реакторот што може да се користи за изработка на нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот