
Лукот може да биде многу опасен: Никако не го консумирајте доколку ги имате овие здравствени проблеми!
Во комбинација со одредени лекови, тој може да ја влоши состојбата!
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според бројни студии, активното консумирање на лук ги опушта крвните садови и го намалува крвниот притисок. Тој е многу ефикасен во намалувањето на нивото на холестерол (ЛДЛ). Го зајакнува имунолошкиот систем и е корисен за лекување на инфекции. Здрав е, има неверојатен вкус и лесно се комбинира со разни јадења.
Ако се јаде сиров, предизвикува лош здив, но кај некои луѓе и киселини, а тоа најмногу зависи од хемијата на телото на поединецот. Сепак, иако е премногу здрав, тој може да предизвика здравствени проблеми!

Не треба да го комбинирате со следниве терапии:
– Лукот има природни антикоагулантни својства и не треба да се комбинира со антикоагулантни лекови – лекови кои се користат за лекување на проблеми со циркулацијата, разредување на крвта и на тој начин спречување на згрутчувањето. Во спротивно, може да дојде до крварење.
– Доколку имате проблем со црниот дроб и земате терапија, лукот може да ја намали нејзината ефикасност.
– Луѓето со чувствителен стомак треба да избегнуваат лук, бидејќи тој тешко се вари.
– За време на бременост или доење, консумирањето на лукот како лек не се препорачува.
– Ако имате нормален или низок крвен притисок, не треба да јадете лук секој ден. Притисокот може дополнително да се намали и да предизвика компликации.
– Доколку земате какви било лекови, не треба да земате лук без претходно да се консултирате со лекар.