Лука Дончиќ ќе го добие најголемиот договор во историјата на НБА

Лука Дончиќ („Далас маверикс“)/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарот Лука Дончиќ ја продолжи доминацијата во дресот на Далас во НБА лигата и на натпреварот против Хјустон на кој забележа 47 поени, 12 скока и седум асистенции.

За одличниот Словенец ова беше 65 дуел сезонава во кој пружа неверојатни партии, па го исполни условот да ја материјализира својата генијалност.

Меѓу нив е и вклучување во една од првите три петорки сезонава, а сосема е извесно дека ќе биде избран во првата. Што и да е, му отвора можност да потпише „супермакс“ договор до 2025 година. Тоа ќе биде најголемиот договор во историјата, а веројатно ќе биде и првиот кошаркар кој ќе ја надмине платата од 80 милиони долари по сезона.

Тој договор можат да го потпишат само играчите со минимум седумгодишно искуство во НБА. „Супермакс“ нема фиксна сума, но неговата вредност е 35 отсто од целиот буџет, а според прогнозите за 2025 година, тоа би значело дека Лука Дончиќ би можел да потпише петгодишен договор од 346 милиони долари или 69,2 по сезона. Но, бидејќи годишните исплати се зголемуваат правилно, лесно може да надмине 80 милиони во последната година.

Словенецот моментално е во втората година од петгодишниот договор вреден 215 мил. Тој заработува 40 оваа сезона, 43 следната, потоа 46, а потоа ќе ја исфрли петтата година на 49 за да активира нов договор во летото 2026 година. Доколку го потпише споменатиот „супермакс“ на пет години, ќе биде врзан за Далас до 2031 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот