ВИДЕО: Лука Дончиќ броеше до 47 во победата над Хјустон

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Лука Дончиќ имаше нова одлична партија во дресот на Далас овојпат во победата над Хјустон со 125:107 во НБА лигата.

Словенечкиот кошаркар беше најефикасен во редовите на Маверикси погодувајќи девет тројки од 16 обиди, а мечот го заврши со 47 поени, а воедно запиша 12 скокови и седум асистенции за 35 минути на паркетот.

Неговиот Далас со седмата победа во низа го обезбеди шестото место на Западот, а во која важна улога имаше и Кајри Ирвинг со 24 поени и седум асистенции, а помогна и Данте Егзум со 13 поени, со шут за три поени 3/3.

Кај Рокетси доминираше Џабари Смит со 28 поени, следен од Ерон Холидеј кој имаше 16, а Кем Витмор 13.

НБА лига, резултати:

Бруклин – ЛА Лејкерс 104:116
Шарлот – ЛА Клиперс 118:130
Торонто – Филаделфија 120:135
Вашингтон – Мајами 107:119
Хјустон – Далас 107:125
Минесота – Чикаго 101:109
Њујорк – Оклахома 112:113
Сан Антонио – Голден Стејт 113:117
Сакраменто – Јута 127:106
Денвер – Кливленд 130:101

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот