Лука Дончиќ го добива најголемиот договор во историјата на кошарката

Словенечкиот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ/фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги исполни условите за добивање нов „супер макс“ договор. Играчот на Далас маверикс се најде во идеалната петорка на НБА лигата, по петти пат во кариерата, а во 2025 година се очекува да потпише нов петгодишен договор со клубот.

Според него, Дончиќ ќе инкасира дури 346.338.300 долари, што ќе претставува најголем договор во историјата на кошарката.

Најмногу би требало да добие во последната година од договорот (2030/31) и речиси 79 милиони долари.

Покрај Дончиќ, супермакс договор ќе добие и ѕвездата на Оклахома, Шаи Гилџус-Александер.

За четирите години од договорот ќе инкасира околу 295 милиони долари.

Инаку, во таа последна (2030/31) би требало да заработи 81.449.214 долари, со што би станал првиот играч во историјата кој во една сезона инкасирал повеќе од 80 милиони долари.

ВИДЕО: Дончиќ го предводеше Далас до „брејк“ во Минеаполис и триумф во финалето во Западот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот