
Луѓето се уште држат дистанца, се плашат од втор бран: Како изгледа животот во Вухан
Речиси сите граѓани на Вухан на улиците се придржуваат до држењето дистанца од најмалку 1,5 метри.
Во Вухан, првиот град во светот во кој беше воведен карантин поради спречување на ширењето на корона вирусот, животот полека се враќа во нормала, но голем дел од граѓаните и натаму стравуваат од втор бран на пандемијата, додека компаниите се обидуваат „повторно да застанат на нозе“, пишува „Си Ен Ен“.
Препорачано
Улиците на кои до пред неколку недели беа распоредени полициски контролни пунктови сега се отворени за сообраќај, а некои јавни места, како зоолошката градина се уште се подготвуваат пред да ги отворат своите врати.
Но, како што наведува „Си Ен Ен“ тоа не значи дека сите рестрикции во градот се укинати, но и луѓето не се опуштени.
Речиси сите граѓани на Вухан на улиците се придржуваат до држењето дистанца од најмалку 1,5 метри.
Голем број продавници, вклучувајќи ги и големите синџири како „Старбакс“ своите услуги ги нудат на улица со цел да се избегне создавање гужви.
Сопственик на локален бизнис вели дека до сега имал само неколку клиенти откако повторно почнал со работа во април.
– Ситуацијата сега не е оптимистичка. Дури и при повторно отварање на бизнисите, нема многу потрошувачи. Малку сум збунет од целава ситуација. Не знам кога ќе можам да се опоравам, вели тој.
Првите регистрирани случаи на корона вирусот во Вухан беа во декември.
Наредните недели, бројот на заразени забележа значителен раст, а во периодот од 23. јануари до 8. април, во рамки на мерките на кинеската влада против епидемијата, граѓаните не смееа да го напуштат градот.
Повеќе од 82.000 лица беа заразени со корона вирус во Кина, а4.643 лица починаа, се вели во последните статистички податоци.