Љубител сте на јагодите? Направете одличен милкшејк кој ќе ве разладува цело лето!

Покрај тоа што јагодите се одлични за човековото здравје, овој неодолив милкшејк ќе ви донесе уживање и освежување во пеколните денови кои претстојат, па токму затоа запомнете го овој рецепт и сладете се во неговиот вкус цело лето.

Потребни состојки:

250 мл јогурт
250 мл млеко
500 г јагоди
1 лимон

Начин на подготовка:

Во блендер или со миксер измешајте ги млекото и јогуртот. Измијте ги убаво јагодите и додадете ги во садот за матење. Измиксајте добро и смесата сипете ја во високи стаклени чаши.

Во секоја од чашите исцедете по малку лимон. Декорирајте со цели јагоди на врвот. Можете, по избор, да додадете и малку чоколаден прелив или пак шлаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот