Фото: Профимедиа

Лошиот сон ја открива тешката болест и до 15 години порано: Научниците дојдоа до шокантно откритие

Проблемите со спиењето можат да бидат ран знак на Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и деменција и до 15 години пред симптомите.

Сè повеќе луѓе имаат проблеми со сонот, а научниците низ целиот светот сè повеќе предупредуваат за последиците. Се проценува дека секој четврти Европејци страда од несоница, а една голема нова студија открива како ваквите нарушувања на сонот можат да влијаат на здравјето на мозокот.

Во најновата студија на британски и американски научници, чии резултати беа објавени во списанието „нпј Деменција“ (npj Dementia), биле анализирани податоците на повеќе од еден милион луѓе од Финска и Велика Британија, собрани во текот на 20 години.

За разлика од претходните студии кои беа ограничени во бројот на испитаници или фокусирани на една болест, оваа анализа вклучувала широк спектар на клинички потврдени нарушувања на спиењето и невродегенеративни болести.

Што открија?

Истражувачите пронајдоа цврсти врски помеѓу проблемите со сонот и појавата на болести како што се Алцхајмеровата, Паркинсоновара и разни форми на деменција.

Особено опасни се нарушувањата кои се однесуваат на нарушениот дневно-ноќен ритам, како што се несоницата, апнејата во сонот, нарколепсијата и парасомнијата (на пример, одење во сон, односно месечарење). Овие нарушувања значително го зголемуваат ризикот, особено за васкуларната деменција, дури и до 41 отсто.

Дури и нарушувањата кои немаат органска основа, како што се зачестените кошмари или хроничната несоница без позната причина, се поврзани со двојно поголем ризик од Паркинсонова болест и деменција.

Генетиката не е пресудна

Исто така е интересно што овие поврзаности постоеле дури и кога се земале предвид наследните фактори. Кај Алцхајмеровата болест, влијанието на проблемите со спиењето било доста независно од генетиката.

Меѓутоа, кај Паркинсоновата болест се покажало дека комбинацијата на гените и нарушувањата на сонот дополнително го зголемуваат ризикот.

Рани предупредувања

Најважниот заклучок од студијата е дека проблемите со спиењето можат да се појават и до 15 години пред да се развијат симптомите на невродегенеративните болести.

Ова значи дека внимателното следење на квалитетот на сонот може да послужи како ран знак за идните здравствени проблеми, но и како можност за превенција и навремена терапија, пишува „Псајкајатрист“ Psychiatrist.com.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот