Локални избори | Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ е отворена за коалиции за да се смени „болната реалност“ во државата

По јавното објавување на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ за локалните октомвриски избори, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека се отворени да коалицират со сите оние кои што сакаат вистински да ја сменат, како што велат, „болната реалност“ во државата.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со сите оние кои што сакаат вистински да ја сменат болната реалност во Република Македонија. Од друга страна СДСМ и ДУИ како во криминалот, така се сложни и во власта, па затоа ова им се последни обиди за криминалната коалиција која ќе биде разбиена и поразена од граѓаните на локалните избори – изјави за „Слободен печат“, Димче Арсовски потпаролот на ВМРО – ДПМНЕ.

Инаку вчера премиерот Зоран Заев и претседател на СДСМ напиша на Фејсбук дека на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети се договориле двете партии да соработуваат на есенските локални избори, со меѓусебна поддршка во некои општини уште во првиот, а во други во вториот круг. Тој истакна дека заедничка цел на СДСМ и ДУИ е во предизборната соработка да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

– Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори, вели Заев во објавата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот