Лога: Без вклученост на ЕУ и на САД во процесот, ветинг ќе нема

Кренар Лога, министер за правда/Фото: Слободен печат

Министерот за правда Кренар Лога нема да се согласи да има ветинг на судии, обвинители и политичари доколку во процесот не бидат вклучени претставници од ЕУ и од САД.

Иако неговиот претходник Никола Тупанчевски не оставил никаков документ врзан за ветингот, Лога на брифинг со новинарите рече дека се надева дека тој може да се реализира и дека проверка пред се ќе треба да се направи кај политичарите.

Според министерот, Македонија е во подобра ситуација во однос на криминалот и корупцијата во правосудството, во споредба со Албанија и затоа е уверен дека ветингот може да се реализира.

„Во процесот на ветинг мора да се вклучат ЕУ и САД. Ако тие не се дел од овој процес, нема да го почнеме“, рече Лога.

Тој не конкретизира дали по ветингот ќе се спроведе генерален реизбор на судии.

„Јас кажав дека денеска во Македонија се работи со 50 отсто од капацитетите на обвинители. Од тие 50 отсто, кои се дел од системот, над 25 отсто се ангажирани на период од 10 години. Судството работи со две третини од нивниот капацитет од кои една третина се луѓе вклучени во последните 10 години. Нема да е еднакво со тоа во Албанија ни од блиску ни од далеку. Кај нас за ветингот треба повеќе ангажман – рече Лога.

Тој не прецизира ни дали во неговиот мандат ќе се спроведе ветингот иако напомена дека сите партии декларативно се согласни и дека ако останат на ставот тогаш ќе биде лесно. Според Лога, битно е да се договори начинот на ветинг и како што вели по кој пат ќе се движиме при проверката во правосудствоти и политиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот