Љубчо Георгиевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Љубчо Георгиевски обвинува: Трифун Костовски сам си ја крадеше „Еуростандард банка“

Поранешниот премиер и експретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во објава на Фејсбук изнесува наводни детали околу работењето на пропаднатата „Еуростандард банка“, која беше во сопственост на Трифун Костовски.

„Неколку зборови за криминалот на чесниот патриот Трифун Костовски: Откако вложи 15 милиони евра претходно украдени од Технометал во својата банка, поради довербата на луѓето и претходниот маркетинг, вложувањата на граѓаните и фирмите пораснаа на над 200 милиони евра. Тогаш Трифун сфатил дека неговите 15 милиони се содржат 13 пати во парите на другите и почна да си ја краде банката преку фиктивни кредити, тие на кои ги даваше задржуваа 10-15% а другиот дел од парите му ги враќаа“, пишува Георгиевски.

Коментарите на Георгиевски доаѓаат откако Костовски го спомна експремиерот како пример за „политичар кој станал средно богат бизнисмен искористувајќи ја политиката“.

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

„Една од тие приказни пред банкротот ја имам чуено во градот од еден пријател на албанскиот интелектуалец и колумнист А.М. Тој на фирми на негови блиски им давал кредити без покритие, а овој му ги враќал. Пријателот на интелектуалецот имал сепак поголема совест од Трифун, па дури и го прашал зошто го прави тоа? На што Трифун му одговорил дека и нему му треба кеш. Тоа е шемата со сите фирми каде од авион се гледа криминалот“, додава Георгиевски.

„Сите мои кредити што сум ги зел се обезбедени со најмалку два пати повеќе хипотека, а зошто Трифун давал без хипотека е јасно како бел ден. Само што Костовски е заштитена бела мечка во Македонија а највероватно и добро плаќа и поради тоа тешко ќе видиме завршница. Патем, да потсетиме дека целиот криминал е направен во времето на Груевски“, пишува Георгиевски во објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот