Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ВИДЕО | Лиза Кудроу откри дека нашла порака од Метју Пери во сад за колачиња: „ За сè има вистинско време“

Познатиот актер Метју Пери почина во октомври 2023 година,  поради злоупотреба на кетамин. Ѕвездата на „Пријатели“ Лиза Кудроу во телевизиското шоу откри дека неодамна пронашла порака од нејзиниот покоен колега Метју Пери во сад за колачиња што ѝ ја дал на снимањето.

Додека гостуваше во „Шоуто на Дру Баримор“, Кудроу зборуваше за разни работи, вклучувајќи го и подарокот.

„Метју ми даде подарок сад со кекси на крајот од нашата последна епизода. И неодамна ја најдов порака во неа. Не ја отворив и не погледнав внатре, но да, имаше порака и заборавив на тоа, сепак за се има вистински момент“, изјави актерката.

По смртта на Пери, ѕвездите од „Пријатели“ Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Кудроу објавија заедничка изјава во која велат дека се „целосно уништени“ и дека се повеќе од обични другари.

„Ние сме семејство“, напишаа тие.

Во 2021 година, актерската екипа повторно се обедини во ТВ шоуто за прв пат откако серијата ја прослави својата десетгодишнина во 2004 година, станувајќи феномен на поп културата.

По смртта на Пери, истрагата откри „огромна подземна криминална мрежа“ на луѓе кои го „експлоатирале“ кога тој повторно се вратил на зависноста во есента 2023 година, рече обвинителот Мартин Естрада на брифинг со новинарите минатата година.

„Пери бараше третман за депресија и анксиозни нарушувања и стана зависник од интравенски кетамин. Тој потоа се сврте кон „бескрупулозните лекари кои сметаа дека Пери е начин да се заработи брзо“, рече Естрада.

Актерот отворено зборуваше за неговите борби со злоупотреба на супстанции и зависност и организираше отворање на установа за мажи кои се борат со слични проблеми. По неговата смрт, на негово име е основана фондација, со цел да им помогне на сите оние кои се борат со зависноста.

Метју почина на 28 октомври 2023 година на 54-годишна возраст, а пет лица беа обвинети во врска со неговата смрт во август минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот