Литванија ја прогласи групата „Вагнер“ за терористичка организација

Знаме на Р. Литванија / Фото: Архива

Парламентот на Литванија денеска едногласно го потврди прогласувањето на озлогласената руска платеничка група „Вагнер“ за терористичка организација. Во резолуцијата усвоена од парламентот се наведува дека приватната руска воена компанија, основана од Евгениј Пригожин, е виновна за „систематски и тешки злосторства на агресија“ во Украина.

Минатата недела до литванскиот парламент беше предложена резолуција со која приватната армија на Пригожин, главно составена од затвореници регрутирани од руските затвори, е терористичка организација.

Пригожин е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот