фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лино Червар: Некоректно е да се бара од Лазаров да ја помине групата на Европското првенство

Хрватот Лино Червар, еден од најуспешните тренери во ракометниот свет ги сподели очекувањата и шансите на екс ју репрезентациите кои ќе настапат на Европското првенство во Германија.

Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска ќе бидат дел од континенталниот собир кој ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година.

Македонија е во групата „А“ со Франција, Германија и Швајцарија, потоа Хрватите се во групата „Б“ со Шпанија, Австрија и Романија, Србите и Црногорците се заедно во групата „Ц“ со Исланд и Унгарија, во групата „Д“ Словенците за ривали ги имаат Норвешка, Полска и Фарските Острови и во групата „Е“ Босанците ќе играат против Шведска, Холандија и Грузија.

Денеска најдобрите македонски ракометари од 18.00 часот во Диселдорф ќе го играат првиот натпревар на ЕП против селекцијата на Франција.

Червар како поранешен селектор со Хрватска имаше злато на СП 2003, сребро на СП 2005 и СП 2009, сребро на ЕП 2008, 2010 и 2020.

– На Македонија ќе ѝ биде тешко со Франција и Германија, некоректно би било кон Кирил Лазаров да се бара од него да се пласира во следната фаза. Евентуално може да ја победи Швајцарија – се зборовите на Червар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот