фото: leedsunited.com

Лидс и Барнли се враќаат во Премиер лигата

Во Чемпионшип фудбалерите на Лидс убедливо го совладаа Стоук со 6:0 (5:0) и така обезбеди влез во елитниот ранг, односно Премиер лигата.

Победникот се дозна веќе во првите 45 минути. На семафорот на стадионот во Јоркшир пишуваше 5:0 во корист на домашната екипа, а дури четири гола постигна Џоел Пиро.

Холандскиот напаѓач со тоа стана најдобар стрелец во Чемпионшип со 19 голови и шест асистенции.

Убедливиот триумф значеше и дека Лидс имаше една нога во Премиер лигата. Се чекаше само Шефилд јунајтед да не го победи Барнли на гостувањето кај Турф Мур.

Тоа и се случи, Барнли славеше со 2:1 и кој исто така се враќа во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот