Лицата на кои им завршува државниот карантин викендов ќе може да заминат во своите домови

Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив, се наведува во известувањето од МВР.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека лицата кои се во државен караантин и кои за време на викендот треба да го напуштат, на полициските службеници ќе треба да им достават име и презиме на лицето кое ќе треба да ги земе, како и податоци за неговото возило.

– Лицата сместени во државен карантин, а кои треба да го напуштат државниот карантин, за време на викенд, кога е ограничено движењето, или пак се од градови каде има ограничување на движење преку целата седмица, ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лице и податоци за возило кое ќе дојде да го изврши транспортот. Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив, се наведува во известувањето од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот