Либија загуби 1,3 милијарди долари од прекинот на извозот на нафта

Племенските поглавари од источна Либија неодамна ги затворија нафтените полиња и пристаништата.

Племенските поглавари од источна Либија неодамна ги затворија пристаништата за извоз на нафта, обвинувајќи ја владата што е поддржана од Обединетите нации дека приходите ги користи за подршка на вооружените групи против војската од истокот, на генералот Калифа Хафтар.

Војската на Хафтар уште од април минатата година тргна во офанзива за заземање на Триполи од владата на Националното единство на Фајез ал-Сараџ, која  е поддржана од ОН, пренесе Фена

НОК во понеделникот најави прекин на работата на локалната рафинерија во западна Либија заради затворање на јужното нафтено поле Шарара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот