Фото: Левица

Левица во Битола ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник Зоран Николовски

Партијата Левица официјално објави дека на претстојните локални избори во Битола ќе застане зад независниот кандидат за градоначалник, архитектот Зоран Николовски.

„Чест ни е да ја најавиме широката и победничка платформа за Битола со која Левица ќе настапи на локалните избори. И официјално ја информираме јавноста дека Левица ќе го поддржи најдобриот избор за кандидат за градоначалник – архитектот Зоран Николовски, како докажан професионалец со реализирани проекти во својот роден град“, велат од партијата.

Според Левица, Битола заслужува силен кандидат кој ќе донесе свежи идеи и промени, а поддршката за Николовски ја сметаат за „авангардна комбинација“ која ќе овозможи развој и нови решенија за градот.

Платформата ќе биде составена од интелектуалци и професионалци кои ќе го вложат своето знаење во служба на Битола, со цел да ја реализираат визијата на партијата за прогресивен и развиен град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот