ГОБ „8 Септември“ / Фото: Слободен печат

Лекарите добиле најава дека утре нема да земат плата, системот на ФЗОМ е паднат

Директори на повеќе клиники за „Слободен печат“ велат дека добиле најава од Фондот за здравство дека утре нема да може да исплатат плати за вработените зашто хакиран е тој дел од системот на ФЗОМ и додека не се врати во првобитната функција, исплатите нема да бидат возможни.

Освен плати за лекарите, нема ни исплати на породилни отсуства, отворање на нови, исплати на боледувања или нивно продолжување.

Останува непознато дали во хакерскиот напад се загрозени здравствените податоци на пациентите.

Од МВР за „Слободен печат“ рекоа дека секторот за компјутерски криминал работи на проблемот, откако од ФЗОМ им најавиле дека се цел на хакерски напад.

Хакери го напаѓаат Фондот за здравство, надлежните уверуваат: Пациентите се лекуваат непречено

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот