ЛДП бара да се утврди кој е одговорен за издадената концесија за рудникот во Иловица

Веруваме во отворен, демократски процес. Затоа, повикуваме на транспарентно преиспитување на одлуката за отворање на рудникот. Апелираме овој процес да ги вклучи сите релевантни граѓански здруженија, како и институции засегнати со оваа одлука, апелираат од Либерално-демократската партија и додаваат дека се придружуваат на граѓаните во изразување незадоволство против рудникот во Иловица.

Од партијата ги повикаа сите политички субјекти да им дадат приоритет на потребите на граѓаните пред политичките спорови.

Воедно бараме фокусот да се стави на преземање одлучни чекори за исправување на ситуацијата ида се преиспита кој е одговорен што воопшто дошло до ваква концесија, па сега повторно се отвара прашањето кое сите верувавме е одамна затворено. ЛДП во ова исто така гледа потреба да се рефокусираат колективните напори кон креирање на системски решенија за зачувување на животната средина. Апелираме да се преиспита опфатот на заштитните зони, Кожув да се прогласи за заштитено подрачје, да се направи воздушен катастар, цел државата да има целосна слика – се вели во соопштението.

Тие ги охрабруваат сите страни да се приклучат на оваа иницијатива и веруваат дека во иднина економскиот просперитет нема да биде по цена на деградација на животната средина.

Ковачевски уверува дека нема да има рудник ако граѓаните тоа не го сакаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот