Лажна вест која најавуваше силен земјотрес ја дигна цела Албанија на нозе, приведени двајца новинари (ФОТО)

Топ Чанел

Една лажна вест со наслов „Излезете надвор од дома, се предвидува силен земјотрес. Еве во колку часот“, предизвика синоќа невидена паника кај жителите на Тирана, Драч и Елбасан кои излегоа од нивните домови.

Веста беше објавена веднаш по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија синоќа пет минути после 22 часот со јачина 4,5 степени според Рихтер, а со епицентар 7 километри северо-западно од Валона и 20 километри од Тирана.

Веднаш по веста реагираше албанскиот премиер Еди Рама преку Фејсбук дека станува збор за лажна вест и дека „секој идиот кој пишува за предвидувања на земјотреси треба да се игнорира“. Реагираше и Министерството за внатрешни работи преку прес-конференција со цел да ги смири граѓаните кои испаничени до доцна вечерта чекаа низ улиците.

Топ Чанел

По објавувањето на веста и создадената паника, албанската полиција соопшти дека двајца новинари биле приведени. Како што јавува Топ Чанел станува збор за новинарот на порталот “SYRI.net”, Аурел Ракиплари и новинарката Даниела Грица од „Шекули“, кои ја објавиле лажната вест што предизвикала паника кај граѓаните. Пратеникот на Социјалистичката Пратија на Албанија Таулант Бала пак преку изјава со која повикуваше на смиреност потсети дека објавувањето на лажни вести е кривично дело и во Албанија се казнува со 5 години затвор.

Балканвеб
Балканвеб

За потсетување, Албанија во саботата беше погодена од силен земјотрес со јачина 5.8 степени според Рихтер кој предизвика материјална штета на скоро 500 домови, а беа повредени 130 лица.

Денеска училиштата и градинките во најпогодените региони Тирана и Драч нема да работат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот