
Лажен дипломат уапсен во Милано по потерница од црногорскиот Интерпол
38-годишниот лажен дипломат Стеван Стив Симијановиќ е уапсен во Италија, по потерница распишана по него од црногорската полиција, пренесува Н1.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Црногорското МВР објави дека Симијановиќ е уапсен во Милано, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол Подгорица.
„Меѓународна потерница за С.С. е издадена во јули 2025 година, покрената од Националното централно биро на Интерпол Подгорица, земајќи го предвид обвинението на Основниот суд во Никшиќ и фактот дека дотичниот не бил достапен за надлежните органи на Црна Гора, со цел да се обезбеди негово присуство во кривичната постапка што се води против него пред Основниот суд во Никшиќ поради основано сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа“, се наведува во соопштението.
Од полицијата велат дека испратиле барање до италијанските судски органи Симијановиќ да биде екстрадиран.
Симијановиќ беше приведен на 8 февруари 2021 година во Никшиќ под сомнение за користење фалсификуван дипломатски пасош на Соединетите Американски Држави.
По притворањето, главната обвинителка во Никшиќ, Ана Додеровиќ, го ослободи Симијановиќ да се брани од слобода, а на 12 февруари 2021 година ја напушти Црна Гора и премина во Србија преку граничниот премин Добраково.
По промената на власта во август 2020 година, Симијановиќ остана во Црна Гора лажно претставувајќи се како американски дипломат. Тој се обидуваше да воспостави соработка со луѓе од безбедносниот сектор во Владата на Црна Гора.
Амбасадата на САД во Подгорица официјално ја информирала црногорската полиција дека тој е американски државјанин, но не и американски дипломат кој работи во Амбасадата на САД во Виена во мисијата на ОБСЕ, како што се претставил Симијановиќ и како што е наведено на визит-картата пронајдена кај него за време на апсењето. Потоа тие негирале каква било поврзаност со државните работи на САД во Црна Гора.
Во јуни 2024 година, медиумите објавија транскрипти од разговори од некогаш заштитената апликација „Скај“, кои покажуваат дека според деталните упатства од обвинетиот во бегство Александар-Ацо Мркиќ, началникот на криминалистичката полиција во Центарот за безбедност во Бар, Илија Васовиќ во јануари 2021 година преговарал со лажниот дипломат Стеван Стив Симијановиќ во станот на Миодраг-Дака Давидовиќ во Подгорица, да го преземе целиот бизнис поврзан со шверцот со цигари во Црна Гора.
Симијановиќ реагираше на пишувањето на порталот Либертас, велејќи дека никогаш не ја користел апликацијата „Скај“, дека никогаш не преговарал или учествувал во шверц на цигари и оти не го познава Александар-Ацо Мркиќ.