Тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров/фото: facebook.com/rkalkaloid

Лазаров: Заслужено сме во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ

Ракометниот клуб на Алкалоид досега има успешен настап во Европскиот Куп на ЕХФ, шест победи од шест натпревари.

За пласман во четвртфиналето играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров двапати го совладаа италијанскиот Бриксен.

– Беше одличен натпревар, добро почнавме, беше тесно до 35 минута. Бриксен игра брзо, ние влечевме исто, направивме неколку грешки, но после се смиривме и го вративме резултатот. Имаме уште за поправање во нашата игра и да го подигнеме нивото – рече ракометарот на Алкалоид, Марко Стојковиќ по реваншот со Бриксен во салата „Автокоманда“ – Скопје.

Ривалот во четвртфиналната фаза Алкалоид ќе го дознае на ждрепка која ќе се одржи на 25 февруари.

– Мислам дека заслужено го поминавме осминафиналето. Натпреварот го прекршивме во 35 минута, во одредени моменти во првото полувреме делувавме пребрзо, нерутински и малку неискусно. Не игравме на резултат, меѓутоа сакавме да играме брзо каде што правевме грешки, тоа во иднина мораме да го поправиме – кажа тренерот на Алкалоид, Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот